Откако судија на претходна постапка синоќа одреди 30 дневен притвор за 22 годишното момче кое во четвртокот вечерта на пешачки кај Сити мол прегази 24 годишна девојка од Радовиш, неговиот адвокат ќе поднесе жалба на притворот.
Прерано починатата девојка денеска беше погребана.
За ТВ Канал 5 зборуваше адвокатот Душко Јанковиќ, бранител на 22- годишниот скопјанец Јордан Ѓ. , кој од синоќа е во притвор. Тој бара најмалку домашен притвор за својот клиент.