Одбраната на Јанакиески без можност да се вклучи за да ги каже своите аргументи и да се произнесе по наводите од СЈО

Одбраната не е запознаена со предлогот за определување притвор на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ниту сме примиле предлог, нема ниту белешка, изјави адвокатот Сања Алексиќ на денешната седница на Апелација на која се разгледува жалбата на Јанакиески за мерката притвор.

Постапката е водена еднострано, бидејќи како што истакна Алексиќ, одбраната немала можност да се вклучи и да ги каже своите аргументи, како и да се произнесе по наводите од СЈО.

Јанакиески пак, посочи дека судовите вршат прекршување на законите и праксите на европскиот суд за човекови права.

Вели дека ќе докаже дека решението за притвор е неосновано, незаконито и контрадикторно.