Одеса вечерва повторно нападната со дронови и проектили

Одеса вечерва повторно е нападната со дронови и проектили. Околу 19 часот по локално време е издаден воздушен аларм, имало краток прекин, но тревогата е обновена по еден час и се уште трае. За време на нападот се погодени две локации во регионот на Одеса.

„Во моментов има три жртви, 96-годишна жена е извлечена од под урнатините на кооперација и е хоспитализирана. Нејзината состојба е стабилна, лекарите и ја даваат неопходната помош. Уште две постари лица (на возраст од 72 и 73 години) се полесно повредени и им е укажана помош на лице место“, напиша на Телеграм, Олег Кипер, претседател на регионалната воена управа на Одеса.

Според украинската војска, пристанишната инфраструктура најверојатно била погодена од суперсонична ракета Оникс

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.