Одгледувачите на овци незадоволни, Николовски им ја намали субвенцијата од 1,300 на 1.000 денари за основна мерка одгледување на овца

Одгледувачите на овци незадоволни се од одлуката на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за намалување на главната мерка за субвенционирање од 1300 денари на 1000 дена укажувајќи дека се кратат дури над три милиони евра.

Митко Јанков, претседател на Здружение на сточари Агро Центар во изјава за дневникот на ТВ Алфа, вели дека со Николовски им ги намалил субвенциите кои што тие претходно ја договориле со бившиот министер Аријанит Хоџа од БЕСА, и од сегашните 1300 денари истата е намалена на 1000 денари, со образложение дека со предадено јагне во кланичен систем ќе влезе како мерка со 400 денари, што според него се кратат дури три милиони евра за целата бројка од 630.000 овци колку што се кажува дека има во Македонија, додавајќи дека со мерката 400 денари тие ќе добијат отприлика 500.000 евра, што е значително многу помалку од она што ќе го изгубат.

Се уште е во тек состанокот, а субвенциите веќе ги скратија излезе во службен весник. Значи главната мерка беше 1300 денари договорено со претходниот министер Хоџа, а така што само што дојде новиот министер па се врати на 1000 денари мерката, со наводно кажано дека 400 предадено јагне во кланичен систем ќе влезе како мерка, а не како интервентна мерка, вели еден од Јанков кој е загрижен за ваквата одлука која веќе е објавена во Службен весник и е на сила.

На прашањето зошто се кратат средствата и дали се во загуба тој вели дека додека се во државата се покачува, ним им се кратат субвенциите што значи дека ќе бидат во зијан со оваа работа, а дополнително и сточарство опаѓа и се помала е заинтересираноста за овчарството.

Тие не кажуваат дека се скратени субвенциите, туку дека ни дале веќе уште една субвенција, од 400 денари. Но, кога ќе земеме пресметка на сите пари на целокупниот значи 1300 денари сега на 1000 денари минус 300 денара, тоа се некаде три милиона за цела бројка од 630 илјади како што викаат дека имало во Македонија, се 630 илјади овци.

Тоа се три и пол милиони евра скратен, а со таа мерка од 400 денари добиваме отприлика 500.000 евра. Значи ние сме во минус два ипол милиони од нормалните субвенции без таа мерка, додаде тој.

Според Јанков доколку министерството и Николовски сакаат да им помогнат тогаш сточарите бараат останат главните субвенции на 1300 денари како што беа за зачувано женско јагне 1000 денари и плус мерката од 400 денари што се планира.

Како и да се гледа ние сме во зијан, за веќе знаете каде отиде нафтата, храната за овци. Сметам дека е доста со ваква погубна политика, ако навистина сакаат да помогнат на сточарството затоа што секоја година сточарството ни е во опаѓање, и навистина ако сакаат да помогнат тогаш да си останат главните субвенции на 1300 денари како што беа за зачувано женско јагне 1000 денари и плус мерката од 400 денари што се планира.

Како што гледаме се помалку и помалку има заинтересирани за oвчарство, а знаете и самите една држава без земјоделие, без сточарство, без производство на храна не може. Тоа ви е исто како и да ви кажам сега со мое јагне еден Македонец ако купи 15 кила јагне, 15 кила нема да узвеземе, значи нема да бидеме зависен ден за увоз, потенцираше Јанков

Според информациите кои што ги добивме состанокот во министерството завршил без да се постигне договорот меѓу сточарите и Николовски, револтирани дека со ваквите погубни политики директно им задира во егзистенцијалните потреби.