Одичниот настап на Дибиров во Манхајм го однесе во тимот на колото од ЛШ

75

Тимот на Вардар во Лигата на шампионите запиша важна победа на гостувањето во Манхјам кај Рајн-Некар Левен (27:30).

Во оваа важна победа за црвено-црните еден од најдобрите поединци беше Тимур Дибиров. Русинот одигра извонреден натпревар, а посебно се истакна со голот од девет метри во финишот од натпреварот.

Ваквиот негов настап не помина незабележано и од ЕХФ од каде што го сместија Дибиров во тимот на колот.

Освен ракометарот на македонскиот претставник во тимот на колото место добија: Винсент Жерар, Михаил Јурецки, Барис Пухоуски, Иван Сршен, Лук Абало и Јаник Колбахер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.