Одложен првиот дуел меѓу Силјановска и Пендаровски

Одложен е првиот дуел од изборната кампања помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска и Стево Пендаровски, кој требаше да се случи утре на телевизија Телма. Tелевизиската дебата е поместена за в четврток на телевизија Телма.

Остануваат до сега договорените дуели меѓу Силјановска и Пендаровски на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.