Одложена средбата на преговарачите со Нимиц

Средбата на преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски за името која беше најавена од
премиерот Зоран Заев дека треба да се одржи следната недела со посредникот Метју Нимиц во Њујорк е
одложена, објави телевизијата Сител, која добила потврда од високи дипломатски извори вклучени во процесот.

На средбата се очекуваше медијаторот Нимиц да даде нов предлог за решавање на деценискиот спор
за грчкиот проблем со македонското уставно име.

Според информациите, средбата најверојатно ќе се одржи до крајот на годината, односно во
декември. Според неофицијални извори, средбата на преговарачите од Македонија и од Грција со посредникот Нимиц, наместо на 20-ти или 21-ви ноември, како што беше најавено, ќе се одржи во декември во Брисел.

Претходно, премиерот Заев најави дека прашањето за решавање на спорот за името добива на
актуелност во земјава, а Македонија и Грција покажуваат поголема одлучност во подготвеноста за
конечно решение.