Одложено објавувањето на комплетната документација за убиството на Кенеди

Ветеното објавување на комплетната документација за убиството на поранешниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди во 1963 година во Далас е одложено во четвртокот поради континуираните стравуваа дека поедини информации, сепак, би можеле да бидат штетни.

Националната управа за архиви и документација ќе објави окололу 2.000 документи, за околу 300 помалку отколку што вкупно ги поседува.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата сабота изјави дека ќе го одобри објавувањето на стите тајни документи во врска со убиството на Џон Кенеди, со образложение дека јавноста заслужува транспарентност. Во четвтокот, пак, го прифатил барањето на јавноста, сепак, да ѝ се ускрати дел од материјалот, од кои поголемиот дел се во посед на Федералното истражно биро (FBI) и на Централната разузнавачка агенција (CIA), соопштија во телеконференција високи функционери на американската администрација.

Трамп го потпишал меморандумот до шефовите на управите и агенциите во кабинетот, во кој им препорачува дека Американците очекуваат и заслужуваат владата да им „обезбеди колку е можно поголем пристап“ до документацијата „за луѓето конечно да може да бидат потполно информирани за сите аспекти од овој клучен настан“.

Иако според неговите сопствени зборови наложил „превезот конечно да се подигне“, поедини државни тела предупредиле „дека одредени информации треба и натаму да бидат недостапни за јавноста поради националната безбедност, заштитата на правниот поредок и дилемите поврзани со надворешната политика“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во такава ситуација немал избор и бил принуден да го прифати изземањето на одредени делови од документите од неговата објава. Им наложил, сепак, на државните тела воследните 180 денови да ги проверат сите изземени делови. На крајот од овој период ќе се побара објавување на сите информации за кои службените тела нема да можат да поднесат докази дека треба да бидат задржани во тајност, стои во меморандумот на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.