Рочиштето за случајот „Насилство во Општина Центар“ денеска беше одложено за 28 јуни, по одлука на судијката Татјана Михајлова, поради отсуство на петтмина од обвинетите.
Обвинителот Гаврил Бубевски од судот побара сите обвинети кои нема да го оправдаат отсуството да бидат превиведени. На ова се спротиви адвокатот на обвинетите кој рече дека некои од отсутните имале најава за отсуство, додека кај другите, исто така може да постои оправдана здравствена причина за отсуство.
Од обвинетите на судењето присутни беа Даниела Рангелова, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и други, а исто така, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кои се обвинети во случајот кој произлезе од незаконски стекнатите прислушувани наводни телефонски разговори кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Присутен беше и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и советници од коалицијата предводена од СДСМ, како оштетени.