Одложено судењето за обидот за убиство на екс-министерот Тодоров

332

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје во понеделникто за 14-ти февруари беше одложено е судењето на Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, при што скопскиот Апелационен суд наложи да се проверат лиценците на вештаците.

И првото рочиште беше одложено, бидејќи одбраната го оспори вештачењето на Обвинителството за психичката состојба на дедото на починатата Тамара, бидејќи го изработиле вештаци со истечени лиценци. Вештачењето треба да утврди дали Стојановски бил пресметлив во моментот кога го нападнал Тодоров.

Инцидентот се случи лани на први јуни пред Министерството за здравство на денот на примопредавањето на функцијата министер. Дедото на Тамара, кој оттогаш е во притвор, се решил на ваков чекор како револт кон тогашниот министер поради смртта на неговата внука која не дочека операција во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.