Одложено судењето за „Титаник 3“

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник 3“ на СЈО за изборни нерегуларности се одложи поради тоа што обвинетиот Ејуп Аљими заради неговата функција во Собранието на Македонија не можел да дојде на судењето.

Аљими е пратеник, па истакнал дека мора задолжително да присуствува на денешната седница за ратификација на Договорот со Грција.
Освен Аљими, во предметот е обинет и Исмет Гури, а двајцата се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.

Наредното судско рочиште е закажано за 28 јуни, за кога е планирано да се слушнат изјавите на сведоците во случајот.
Обвинетите на претходното рочиште кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвнителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни, а според нивните адвокати, во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.