Борбата за апсолутен светски професионален шампион во бокс во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик, која требаше да се одржи во Ријад на 17-ти февруари, е одложена поради повредата на Фјури здобиена за време на спарингување.
Додека се подготвуваше за дуелот со Усик, Фјури доби длабок расекотина над окото поради која беа потребни конци.
„Целосно сум уништен од овам бидејќи долго се подготвував за борбата со Усик и сум во одлична форма“, објави Фјури.
„Откако лекарите темелно ќе го прегледаат Тајсон, ќе имаме подобра претстава колку долго ќе трае неговото закрепнување“, додадоа од промотерската компанијаа „Queensbury“.
Борбата Фјури – Усик требаше да го даде првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија од 1999 година. Фјури моментално го држи ВБЦ појасот, додека Усик ги држи појасите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.