Одложени натпреварите Барселона – Севилја и Вилјареал – Алавес

Шпанскиот Висок суд за спорт (CDS) ги одлжи во вторникот по жалбата на Ла Лига, натпреварите меѓу Барселона и Севилја, како и Вилјареал и Алавес кои беа на распоредот оваа сабота.

Ла Лига бараше од Шпанската фудбалска федерација (RFEF) да ги одложи споменатите два меча поради продолжување на рамката за јужноамериканските квалификации за светското првенство следната година која ја одреди ФИФА за да ги надомести многуте одложувања поради пандемијата на коронавирусот оваа година.

Тоа значи дека многу латиноамерикански фудбалери нема да се вратат во своите клубови до петок, 14 часа пред да ги играат натпреварите во шпанското првенство.

Бидејќи и Барселена и Вилјареал во вторник ги играат мечевите во Лигата на шампионите, мораат своите натпревари во домашното првенство да ги играат во сабота.

Но претходно RFEF го отфрли барањето на Ла Лига која поради тоа беше принудена да се жали пред судот за на крајот да добие одложување на овие два натпревара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.