Одложени натпреварите на Вардар со Нексе и со ПИК Сегед

Следните два натпревари на Вардар се одложени на неодредено време, соопштија од клубот.

Во недела требаше да се игра реванш средбата од четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата со НЕКСЕ, а на 22 март „црвено-црните“ требаше да бидат домаќини на првиот осминафинален дуел со ПИК Сегед.

– Раководството на СЕХА донесе одлука да го одложи овој натпревар и оној меѓу Веспрем и Војводина поради актуелната ситуација со коронавирусот и потешкотиите со кои се соочија гостинските екипи при патувањето. Уште вчера нашиот клуб побара одложување на истиот натпревар. Натпреварите се одложени на неодредено време и наскоро од канцеларијата на СЕХА би требало да информираат за следните чекори. Истото се однесува и за натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. ЕХФ информираше дека се одложени сите натпревари од европските купови на неодредено време, се вели во соопштението на РК Вардар.