Одложени преговорите меѓу САД и Русија за нуклеарното разоружување

Одложени се преговорите меѓу Русија и САД за нуклеарното разоружување кои требаше да започнат во текот на седмицата, потврдија во понеделникот од руското министерство за надворешни работи и од американската амбасада во Москва.

Функционерите на двете земји требаше да се сретнат во египетската престолнина Каиро од 29-ти ноември до 6-ти декември за да разговараат за обновувањето на механизмот на меѓусебните инспекции според договорот Нов СТАРТ за нуклеарното разоружување, состанок кој беше одложен во март 2020 година поради пандемијата на Covid-19.

„Претходно планираната седница на Билатералната советодавна комисија според договорот Нов СТАРТ, меѓу Руската Федерација и САД…., нема да биде одржана на тие датуми. Настанот е одложен за подоцнежен датум“, објави руското министерство за надворешни работи,.

Руското министерство не ја наведува причината, а подоцна медиумите, повикувајќи се на претставник на американскиот Стејт департмент објавија дека САД се согласиле за одложување на преговорите во најкус можен рок, а московскиот дневен весник Коммерсант повикувајќи се на американската амбасада објави дека тоа било одлука на руската страна.

За планираната седница на консултативната комисија кон средината на ноември извести рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој наведе и дека една од главните теми ќе биде продолжувањето на инспекциите.

Во август портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова извести дека и покрај односите меѓу двете земји се на најниското ниво од крајот на идеолошката блоковска Студена војна, Москва и Вашингтон се договориле да го одржат дијалогот и успеале да решат некои од проблематичните прашања во врска со инспекциите кои произлегуваат од договорот Нов СТАРТ. Но притоа забележа дека и натаму има „значителни тешкотии“ во спроведувањето на „суштинските рутински мерки“ предвидени со договорот е комплицирано, за што ги обвини „неконструктивните активности“ на Вашингтон и неговите сојузници.

Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година и го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.

Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.

Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според калузилата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека пред три години годинава се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.