Поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување.
Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство. Новото рочиште е закажано за 19 август.
Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.
Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.