Одложено судењето на Хосни Мубарак

Обвинението, освен Мубарак, го опфаќа и поранешниот премиер Ахмед Назид и министерот за внатрешни работи, Хабиб ал Абдил, поради предизвикување големи загуби за националната економија во 2011-та година кога ја блокирале интернет и телекомуникациите во текот на народната револуција.

Судот во Египет, претходно ги казни тројцата обвинети со казна од 540 милион египетски фунти или околу 78 милиони долари.

Комисијата за утврдување на фактите утврдила дека блокирањето на комуникациите предизвика зголемен број на убиени и повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во текот на револуцијата во рамки на Арапската пролет.

Тројцата обвинети поднеле жалба на оваа парична казна, па поради тоа е одложено судењето.