Одложено судењето на Мохамед Морси

Судскиот процес против поранешниот египетски претседател Мохамед Морси под обвинение за поттикнување убиство на демонстранти беше одложен за први февруари, соопштија светските агенции.

Денешното закажано судење беше одложено откако Морси не можеше да пристигне во судот поради лошото време. Безбедносни офицери изјавија дека хеликоптерот со кој Морсi требаше да биде пренесен од затворот крај Александрија во полициската академија во Каиро, не можел да полета поради магла.