10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Одлучете: Кој натпревар да го емитува МРТ, Ливерпул-Милан или Интер-Реал Мадрид?

Македонската радио телевизија преку јавна анкета објавена во МРТ групата на Фејсбук, ги прашува гледачите кој натпревар од 1. коло од европската фудабалска елита да го емитува.

Распоредот на УЕФА во исто време стави да се играат два натпревара кои привлекуваат огромно внимание. Во среда, на 15 септември од 21:00 часот, меѓу другите, се играат и натпреварите Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид.

Во договор со ArenaSport нашата МРТ ќе има право да врши пренос од еден натпревар од секое коло, со македонски коментар.

Но, 1. коло носи голема дилема: кој натпревар да оди низ директен пренос?

Гласајте на страницата на МРТ на Фејсбук