Одлуката на Ахмети е нестатутарна, вели Меџити, бидејќи сака да ме замолчи

Додека „Огнената група“ бара разрешување на министрите, лидерот на партијата освен тоа што не ги слуша, сега го именуваше Бујар Османи за координатор на политичките процеси во Чаир.

Тоа подразбира преземање на надлежностите на Изет Меџити, како претседател на огранокот на ДУИ во Чаир.

Во изјава за ТВ 21, Меџити вели дека станува збор за нестатутарна одлука.

-Добро би било да го прашате господинот Ахмети за овие политички различности и тенденцијата за замолчување на тие кои мислат различно! Поради тоа што тоа е нестатутарна одлука која не поминала низ партиските органи, вели Меџити.