Одлуката на граѓаните од референдумот треба да се почитува

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска Комисија за уставни прашања истака дека иако референдумот за договорот од Преспа беше неуспешен, Владата продолжува да го турка процесот за промена на уставното име на Република Македонија преку кршење на законите и Уставот.

-Одлуката на референдумот со која што ДИК констатираше дека е неуспешен е објавена во Службен весник и истата мора да биде задолжитела за сите органи и институции во државата, вклучително и за Владата и пратениците во Собранието на Република Македонија. Фактот дека овие инститции не ја почитуваат волјата на граѓаните и не го почитуваат сувернитетот кои што призлегува и им припаѓа на граѓантите, покажува уште еднаш на суровиот факт со каква власт си имаме работа, незаконие и дивеење во системот како главна одлика на нивното владеење, истака Мицевски.

Тој додаде дека премиерот и неговите соработници или не знаат или не им е грижа тоа што согласно меѓународното право, правниот идентитет на државата е инхерентно поврзан со суверената и независна волја на граѓаните.

-Сметам дека треба да размислувате за еден амандман доколку веќе на мислите да ја водите целата работа до крај и да дојде до промена на името да имаме заштита не само во уставниот закон, туку и нацрт амандман на Уставот што ќе значи зашитата доколку од било која причина договорт на помине во Грција. Потценувачки и понижувачи е сами да бараме промена на нашето име. Договорт доколку не влезе во правна сила во Грција како што беше случајот со времената спогодба, ќе направи проблем и потоа ние ќе бидеме замјата која што сама решила да се самоукинеме.

Мицевски на крајот апелираше до колегите пратеници добро да размислат во следните фази, бидејќи Република Македонија онаква каква што ја знаеме нема да постои понатака.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.