Одлуката на Управниот суд доказ дека одлуките на Владата во врска со МВР се политички мотивирани

130

Управниот sуд на седница одржана на ден 7-ми мај годинава донесе пресуда со која се усвојува тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, додека Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.

Тужбата на министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, а со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Со вака донесената пресуда од страна на Управниот суд се потврдува дека предметните решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев биле законски и истите биле донесени донесени врз основа на законски утврденото право на министерот пропишано во Законот за изменување и дополнување на законот за влада а притоа во целост се применети законските одредби кои ја регулираат предметната материја пропишни во Законот за внатрешни работи, Колективниот договор и сите подзаконски акти.

Додека, пак, донесената Пресуда од Управниот суд потврдува дека Владата на при носење на оспорената одлука истата ја донела како резултат на погрешна примена на материјалното право.

„Ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот. Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерствот за внатрешни работи и во иднина да постапуваат соглсно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд’, вели министерот Чулев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.