Одлуката подготвена, референдумот ќе биде консултативен

Координаторите на СДСМ Томислав Тунтев, на ДУИ Ејуп Алими и на Беса Фадил Зејндели, составиле предлог до претседателот на Собранието Талат Џафери за референдумско прашање. Во предлог одлуката, која не е потпишана само од ВМРО ДПМНЕ, е одреден и датумот на референдумот 30 септември 2018 година.

Според МКД.МК,  референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање е „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?”

Сѐ уште нема информации дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на собраниската седница на која ќе се гласа за оваа одлука. На иницијативата за распишување на референдум потпишани се повеќе од 70 пратеници, меѓу кои дел се и од коалицијата на опозицијата.

На утринската координација со пратеничките групи кај Талат Џафери, претседателот на Собранието не присуствуваше шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.