Одлуката за цената на струјата и за евтината тарифа ќе биде позната утре

60

Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ја соопшти новата цената на електричната енергија.

Во регулаторна, според информациите до кои дојде „Алсат“ денеска се прават финалните пресметки, околу поднесените трошоци на компаниите од енергетскиот сектор во земјава, критериум по кој се формира крајната цена за граѓаните и компаниите.

Претседателот на комисијата, Марко Бислимоски, неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со ковид-19.

Дополнително, регулаторот прави и анализа дали и натаму за граѓаните ќе биде на располагање евтината тарифа на струјата. Можно е и нејзино укинување, но последниот збор го имаат членовите на Регулаторна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.