Одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ претставува исторски чекор

Секој, па макар и получекор е добар и тука нема дилема, и тоа е историски чекор за Македонија, рече во врска со препораката за отворање на пристапните преговори за челнство во Еврипската унија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека негицата партија прва во земјата уште во 1993 година со резолуцијата поднесена во Собранието се определила дека членството во Унијата е стратешка цел.

Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал дека одлуката на Европската унија за отворање преговори со Македонија е историска, а појасни и дека го нарекува „получекор“ затоа што нема конкретен датум за отпочнување на преговорите.

Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ со тоа алудираше дека во спомематата одлкука се наведува дека првата меѓувладина конференција треба да се случи „што е можно побрзо“ во зависност од тоа кога ќе биде усвоена преговарачката рамка, како и од развојот на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Запрашан дали би имало датум за преговорите со ЕУ, доколку не беше потпишан ткн Преспански договор со кој беше променето уставното име на Македонија, Мицкоски повторно рече дека пробламатична е содржината на споменатиот договор, особено за запазувањето на македонските национални интереси,

„Договор со нашиот јужен сосед мораше да се случи бидејќи во 2008 тоа беше причинат за вето. Но, ако ме прашувате дали овој договор мораше да случи, ваков содржински тогаш ќе би речам ‘не’“, рече Мицкоски посочувајќи дека со ваков договор како што направил Зоран Заев се отвораат многу непознати во иднината на македонскиот народ, нација и држава.

Инаку, како што е познато, во одлкуката за земјава се наведува дека првата меѓувладина конференција треба да се случи „што е можно побрзо“ во зависност од тоа кога ќе биде усвоена преговарачката рамка и каков ќе биде развојот на настаните со коронавирусот.