Одлуката за Еуростандард банка 72 дена чувана во фиока за министерката Ангеловска да си ги извлече 250.000 евра?

На Фејсбук се најде решение на Народната банка на Република Македонија според кое се добиваат нови сомнежи за случајот „Еуростандард банка“ во врска министерката за финансии Нина Ангеловска, затоа што некој намерно го држел документот во фиока во периодот кога таа извлече 250.000 евра од банката.

„Одлуката за забрана на вршење на дејност од страна на Народна банка на Република Македонија е донесена на 01 јуни 2020 и е чувана во фиока а банката Еуростандард е затворена 72 дена подоцна на 12 08 2020!!

Нина – Групер Ангеловска (миленичката на Кочо Анѓушев и Драги Рашковски) информацијата ја добила на 06 06 2020 а парите, околу 250 000 евра, си ги подигнала околу 20 дена подоцна!

Ова е основ за сомнеж и за класична злоупотреба на службената положба и овластуванје! Ова е основ за тужба! Ова е и основа за кривична постапка!

Секој оној кој ги подигнал парите во овој меѓупериод најверојатно имал инсајдерска информација за ова и ќе треба парите да му се запленат и да се стават во стечајната маса!“, се наведува во статусот на Фејсбук Лука А. Александров!