Односите меѓу САД и Русија во блиска иднина нема да бидат особено добри

Русија нема нужно да одговори со иста мерка кон санкциите кои САД ги воведе за Москва поради наводна вмешаност во труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој обраќајќи се на студентите на Државниот институт за меѓународни односи во Москва изјави дека Русија дефинитивно ќе одговори и наскоро ќе издаде соопштение за медиумите во врска со тоа.

Ние дефинитивно ќе одговориме на тоа. Нашиот одговор не мора нужно враќање со иста мерка. Верувам дека таков одговор не е секогаш најдобар, изјави шефот на руската дипломатија.

Лавров смета дека санкциите на САД се врз основа на лажни обвинувања и дека заклучокот е “многу веројатно” се што британската влада може да го положи против Русија, јави ТАСС.

Не стануваме хистерични, не сакаме да одговориме на ист начин. Одговораме на санкциите, воведуваме контрамерки, но на начин кој нема да ни наштети. Мета ни се одредени лице кои го забрзуваат замаецот на русофобијата, која е сосема непотребна на Американците, Европјаните или на нас, рече Лавров.

Рускиот министер смета дека односите меѓу Русија и САД во блиска иднина нема да бидат особено добри, но во исто време изрази надеж дека на крајот ќе се вратат на ниво на стратешко партнерство. Тој додаде дека кога Русија и САД се во добри односи, целиот свет има корист од тоа и потврди дека Москва е подготвена да оди напред колку што е Вашингтон подготвен.