Одобрен престој на странски војници во земјава за обука на „Криволак”

Владата денеска на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“.

– Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на Вооружените сили на САД и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од денешната 89-та владина седница.