Одреден е датумот за претседателските и парламентарните избори во Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното.

Јавното мислење е јасно – парламентарните и претседателските избори ќе претставуваат огромен тест за првиот човек на Турција во последните 20 години.