Одреден краен рок за завршување на првенствата

УЕФА го посочи 3 август (понеделник) како краен рок за завршување на фудбалските првенства.
Ова значи дека ако првенството не се заврши до тој датум, тоа ќе биде суспендирано.
Покрај тоа, секоја федерација треба да достави до 27 мај свој план за завршување на првенството.
Ова ќе овозможи преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август.