Одредени судиите за четвртфиналните натпревари на Мундијалот

ФИФА ги одреди арбитрите кои утре и задутре ќе ги водат четвртфиналните натпревари на Мундијалот.

Српскиот судија Милорад Мажиќ е делегиран да го води мечот меѓу Бразил и Белгија кој се игра во Казан.
Мажиќ по трет пат ќе суди на ова Светското првенство, откако ја делеше правдата на натпреварите во фазата по групи, Јужна Кореја- Мексико 1:2, и Сенегал- Колумбија 0:1.
Српскиот судија е еден од најсериозните кандидати за да го суди финалето на Мундијалот во Русија.

Четвртфиналниот меч помеѓу Уругвај и Франција во Нижни Новгород ќе го суди Аргентинецот Нестор Питана, кој ја делеше правдата на натпреварите од групи Русија- Саудиска Арабија 5:0, Мексико- Шведска 0:3, како и осминафиналето Хрватска- Данска(1: 1, 3:2 по пенали).

Холанѓанецот Бјорн Куиперс ќе им суди на фудбалерите на Шведска и Англија во Самара, а и за него ова ќе биде четврта арбитража, откако судеше на дуелите Египет- Уругвај 0:1, Бразил- Костарика 2:0 од групите, како и мечот Шпанија- Русија 1:1, 3:4 по пенали, од нокаут фазата.

Мечот Русија- Хрватска во Сочи ќе го суди Бразилецот Сандро Ричи, кој ја делеше правдата на натпреварите Данска- Франција 0:0 и Хрватска- Нигерија 2:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.