Oдрон и вода на патот Росоман – Прилеп, сообраќајот е во прекин

Од 5.55 часот регионалниот пат Росоман – Прилеп, кај месноста викана Трите ленти, е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информира Авто мото сојузот на Македонија. Засега нема информација кога патот ќе биде оспособен за сообраќај. Екипи за интервенции на патиштата се излезени на местото и работат на санација на патот.

Многу земја и вода има на патот, a за состојбата реагираат граѓани преку социјалните мрежи кои биле тргнати на пат.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот утрово е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.