Одржана физичка модна ревија на „Dolce & Gabbanа“ во време на коронавирусот

Без испраќања бакнежи и прегратки со почитување на физичката оддалеченоста и носење заштитни маски, модната куќа „Dolce & Gabbanа“, принудена да ги промени своите правила, ја одржа во средата една од своите први физички модни ревии во време на паднемијата на коронавирусот.

Во рамките на инаку дигиталната Недела на машката мода во Милано, на ревијата на отворено присуствуваа гости со маски на лицата, додека моделите чекореа на модната писта, а потоа стоеја во градината оддалечени на метар еден од друг.

Ревијата беше одржана на универзитетски кампус на фондацијата за медицински истражувања „Humanitas“, којашто се обидива да раззвие вакцина против коронавирусот, проект во чиешто финансирање помага и „Dolce & Gabbana“.

Со уште една физичка ревија со гости, претходно во средата којашто ја одржа италијанскиот бренд „Etro“, ревијата на „Dolce & Gabbana“ беше првиот моден настан на големата луксузна марка во стварниот свет од ублажувањето на рестриктивните мерки во поголемиот дел од Европа.

Дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана изјавија дека им било потребно многу време да сфатат дали организацијата на ваков настан воопшто ќе биде возможна, но сакале да испратат порака на оптимизам и дека Италија, една од најтешко погодените земји од коронавирусот, „се вратила“.

Вдахновена од боите на Амалфискиот брег и тамошното море, ревијата на машка облека на „Dolce & Gabbana“ за сезоната пролет/лето 2021, беше одржана во среда во Розано, јужно од Милано, а на неа беа прикажани 102 парчиња облека во различни нијанси на сината боја, а некои имаа и принтови на неокласичните скулптури.

На ревијата имаше 200 гости, главно од Италија, во споредба со 500 или повеќе во нормалните времиња. Моделите не ги носеа маските на модните писти, брендот неодмана лансираше колекција пижами со соодветни маски за лица, но двајцата дизајнери го направија тоа за нивното традиционални излегување на пистата на крајот од ревијата.