Одржувањето на избори во моментот не е во агендата на ДУИ, вели Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека одржувањето на изборите во моментот не е дел од агендата на Демократската унија за интеграција и оти ставот на партијата е оти одлуката за избори ќе ја донесе Комисијата за заразни болести.

– Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто ниту една од темите во агендата на ДУИ. Ние имаме две основни цели – едното е здравствената криза со пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Се друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие две проблеми, нагласи Османи.