Одземена е дозволата за одгледување канабис на Заеви

Одземена е дозволата за одгледување канабис за медицински цели на компанијата, во која според медиумите, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, објави Фактор.

Одлуката на Владата стапила на сила од 22 октомври. Сѐ уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но објавена е во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Лиценцата на „Фарма Медика Канабис“ за одгледување на канабис од Владата е добиена во 2018 година.

Трајче Заев

„1.Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ‘Службен весник на Република Северна Македонија’“, наведено е во објавата на Службен Весник.