Одземени 9 тона пиперки од нерегистрирани откупувачи во прилепско

Девет илјади килограми пиперки „куртовска капија“ се одземени од нерегистрирани откупувачи при инспекциските контроли на Инспекторатот за земјоделство спроведени во прилепскиот регион.

Од Инспекторатот денеска информираа дека на нерегистрираните откупувачи им се изречени и глоби согласно законските прописи.

Контролите се направени деновиве во соработка со Регионалната управа на Министерството за внатрешни работи од Битола и полициската станица во Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.