Офицери на француската армија до Макрон: Се подготвува граѓанска војна, вие тоа добро го знаете

„Во Франција се подготвува граѓанска војна и вие тоа добро го знаете“, напишаа активните офицери на француската армија во писмото до претседателот Емануел Макрон.

Притоа, тие ги поддржаа пензионираните генерали, кои претходно напишаа отворено писмо со сличен тон, што укажува на недостаток на безбедносна и анти-екстремистичка политика.

Писмото на офицерите, исто како и претходното писмо на генералите, го објави францускиот магазин „Валер актуел“. Имињата на офицерите што го напишале тоа не се објавени, но истакнато е дека тие се „борци кои заслужуваат почит“.

„Ова се високи офицери чија чест беше изгазена претходните недели. Илјадници француски војници потпишаа отворено писмо, војници кои дадоа се од себе да ја одбранат нашата слобода. „Со нив се однесувате како бунтовници, иако единствен грев им е што ја сакаат својата земја и жалат за нејзиниот пад“, се вели во писмото.

Во него се наведува дека „насилството во нашите градови и села“ се смета и за „омраза кон Франција и нејзината историја станува правило“.

„Граѓанската војна се подготвува во Франција и вие тоа добро го знаете. Време е за акција за спас на нашата татковина и овој пат станува збор за опстанокот на нашата земја“, се вели во писмото.

Претходно, истото списание објави писмо од повеќе од 1.000 воени службеници, вклучително и 20 генерали во пензија, во кое се бара Макрон и владата да преземат мерки против опасностите од исламизмот и верскиот фанатизам, за кои велат дека можат да го „поделат општеството и да предизвикаат граѓанска војна во држава“.

Отворено писмо од група пензионирани генерали кои бараат „одбрана на Франција“ од исламизмот наиде на симпатии во јавноста, напиша претходно Дојче веле.

Марин Ле Пен, лидерка на десничарската Национална алијанса, испрати порака до пензионираните генерали, давајќи им целосна поддршка: „Ве повикувам да се вклучите во битката што започна и битката што е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанка и како жена политичарка го споделувам вашето страдање“, рече Марин Ле Пен.

Да потсетиме, група од 20 пензионирани воени генерали потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон. Уште 80 поранешни високи офицери се приклучија на групата пензионирани генерали, што дополнително му дава тежина на отвореното писмо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.