Официјален Пекинг им препорачува на Кинезите да не патуваат во Австралија

Властите во Пекинг им препорачаа на кинеските граѓани да не патуваат во Австралија поради, како што се наведува, расна дискриминација и насилство врз Азијци.

Сепак светските агенции коментираат дека очигледно се работи за најновиот обид на кинеските власти да ги казнат властите во Камбера затоа што поддржуваат истрагата за пандемијата на коронавирусот на која инсистира Вашингтон.

Кина веќе го стопира увозот на австралиска јачмен и ги зголеми увозните давачки за 80 проценти, а пред една недела целосно беше запрен увозот на австралиско говедско месо.

Австралискиот министер за трговија, Сајмон Бирмингем завчера изјави дека Австралија не сака „трговска војна со Кина“, но оти верува дека официјалниот Пекинг „направил грешки“ при примената на правилата на Светската здравствена организација (СЗО) за време на пандемијата на коронавирусот.

Кина беше најголемиот увозник на австралиско говедско месо и јачмен.