Официјaлни лица од ЕУ бараат одговорност од СЈО по објавувањето на материјалите за „Рекет“

Вовлечен е целиот концепт промовиран од Могерини. Постои голем ризик за пад на владата, објавува италијанскиот весник „Ла Верита“

Меѓу четвртокот и петокот, „Ла Верита“ стана главен извор на информации за Македонија. Благодарение на објавувањето на нашите написи и ексклузивната документација што ја поседуваме, а се однесува на системот на изнудување кој постои во земјата, нашиот сајт, буквално беше нападнат од повеќе од еден милион македонски граѓани.

На крајот на ова трето парче, самите актери ја гарантираат апсолутната вистинитост на информациите пренесени овде. Премиерот Зоран Заев, интервенираше со официјална порака, во која напиша дека истрагата мора да ги открие сите грешки и секој да ја понесе сопствената одговорност. Паралелно со ова специјалната обвинителка, Катица Јанева, во една порака напишана од грчките плажи на кои се наоѓа на одмор, призна дека на снимките се слуша нејзиниот глас, но подвлекувајќи дека, во друштво на изнудувачот, таа разговарала на телефон со главниот осомничен само од причини поврзани со истрагата. Неколку минути по изјавата на Јанева нејзината заменичка, Лиле Стефанова, побрза да објави дека всушност судиката (!сиц) Јанева во минатото дала упатства да се осигура дека Јордан Камчев, во случајот Империја ќе му биде гарантирана слободата.

Државниот обвинител Јовески, по три недели непостапување односно откако Боки 13 беше притворен како единствен осомничен за изнуда, врз база на доказите објавени од нас, веднаш побара сите инволвирани да бидат повикани во ЈО за да ги појаснат нивните позиции. Опозицијата, како албанската на Алијанса на Албанците, така и конзервативната на ВМРО-ДПМНЕ, на цел глас бараат веднаш да се притвори Јанева и оставка на Владата. Како и да е, третиот дел од снимките, кои ќе ги објавиме денес, ќе бараат дополнителни, силни, појаснувања. Во документите кои се во наш посед, голем дел од разговорот помеѓу жртвата на изнудата во случајот „Рекет“ Јордан Камчев и изнудувачот Боки 13, се случува наводно во присуство на специјалната обвинителка Катица Јанева, онаа на која ЕУ и политиката во Скопје и ја доверија задачата во земјата да воведе владеење на правото и гонење на криминалот. Како дополнение на ова, друго прашање на кое македонската политика и македонското јавно мислење, од денес па натаму ќе мора да се обидат да дадат дефинитивен одговор, анализирајќи ги телефонските разговори како и преку анализа на неговото движење, какви се навистина односите меѓу Боки 13 и премиерот Зоран Заев.

Боки 13, самиот во повеќе наврати ја потенцира неговата блискост со премиерот во снимките кои ги објавуваме и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка. Самоувереноста со која Јовановски зборува и дејствува всушност им ја опишува на слушателите на снимките многу широката мрежа на изнудување во која судии и политичари си манипулираат со резултатите како што им чини, ама пред се си делат десетина милиони евра. Имајќи предвид дека ова што го објавивме ние со недели е во рацете на Обвинителството за борба со организираниот криминал, се надеваме дека случаите ќе бидат сериозно разгледани заедно со сите останати докази кои им се на располагање. Инаку на почетокот на скандалот со прислушкувањето што ја вознемири Македонија пред неколку години, Специјалното обвинителство кое и беше доверено на Јанева, беше посакувана алатка од страна на ЕУ за да ја смири војната меѓу опозицијата и владата.

Како и да е, имајќи предвид дека назначувањето беше направено врз база на политичкиот компромис помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и лидерот на опозицијата Заев, сугерира дека двајцата во 2015 се согласиле настаните да продолжат.

Благодарение на активностите на Јанева, Заев дојде на власт и Македонија изгуби голем дел од својата меѓународна сувереност принудена да капитулира пред барањата на Грција, додека Груевски, ги напушти сите свои сопартијци и граѓаните кои веруваа во конзервативната партија ВМРО ДПМНЕ и се даде во бегство поради политички прогон, и денес се наоѓа во азил во странство.

Автор: Ларис Гајзер, „Ла Верита“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.