Официјално – четирите пратеници на Алтернатива ќе гласат за недоверба на Владат, јавуваат албански медиуми

Највисоките партиски органи на Алтернатива одлучиле, нивните 4 пратеници да ја поддржат иницјативата за недоверба на Владата, објави новинската агенција на албански ИНА.

Како што објави ИНА, постигната е согласност околу позиции, исто така околу истите лини е согласен и пратеникот Скендер Реџепи – Зејд.

Со ваквата одлука, во четврток владат на Заев се очекува да не ја добие довербата и да падне, притоа отварајќи го патот за избор на нова Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, АА/А, БЕСА, други партии и пратеници, пишува ИНА.