Официјално потврден самитот за Украина

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Елисејскиот дворец официјално во петокот го потврди одржувањето на самитот во ткн формат „Нормандската четворка, која ја сочинуваат Украина, Русија, Франција и Германија, на 9-ти декември во Париз, според портпаролот на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Самитот во нормандискиот формат ќе се одржи на 9-ти декември 2019 година, Тој ќе ги собере во Париз челниците на држави и влади на Франција, Германија, Русија и Украина“, истакнал портпаролот на француската претседателска администрација. Потсети дека „можноста за одржување на самитот беше дискутирана во текот на состаникот на претседателите на Франција и Русија на 19-ти во Брегансон“. Потоа ова прашање беше разглгедувано и на самитот на Г7 во Бијариц.

„Самитото ќе се одржи откако летово беше постигнат значителен напредок во преговорите, што, особено, овозможи да се обезбеди повлекувањето на трупите во голем број од зоните на напнатост“, велат од Елисејскиот дворец. Администрацијата на францускиот челник посочува дека средбата „ќе ни овозможи да започнеме нова фаза во спроведување на договорите од Минск“.

Портпаролот на Макрон дека првата средба во ткн Нормандиски формат на највисокото ниво на 6-ти јуни 2014 година во нормандскиот замок Бенвил. Оттогаш, претставници на четирите земји се состануваа на ново на шефови на дипломатијата, дипломатски советници и нивните заменици. Последниот самит на Нормандиската четворка се одржа во Берлин на 19-ти откомври 2016 година.