Официјалните претставници на ЕУ не ги убедија Србите

Официјалните претставници на Европската унија не успеале да го убедат преоварачкиот тим на Србија дека конститутивните седниците на српските општини во Косово, мораат да бидат изведени според косовските закони, пишува денес приштинскиот дневник „Епока е Ре“.

Шефот на преговарачкиот тим на Приштина, Едита Тахири по состанокот во Брисел изјавила дека добила гаранција дека ЕУ силно ги поддржува барањата новите општински власти да ги почитуваат законите на Косово.

Тахири изјавила дека и двата преговарачки тимови денеска ќе се состанат сп претставниците на ЕУ.