Десниот бек, кој беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.
Лазаров имаше понуда за едногодишен договор со Барселона, но условите кои ги понуди Нант беа подобри и затоа Лазаров се одлучи за нов предизвик. Тој заминува од Каталонија по четири сезони преполни со успеси, а и до крајот на оваа сезона се бори за сите трофеи со славниот каталонски клуб.
Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпелје и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.