Ограбен домот на пејачот Зоран Ванев, арамиите украле денари, долари, евра и франци

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, домот на пејачот  Зоран Ванев на булеварот АСНОМ во штипско Ново Село бил мета на арамија во периодот 23.11 до втори декември, кога во куќата немало никој.

Арамијата го искористел моментот кога домаќниот не бил во куќата, па се прекачил преку балконот и од вратата од кујната влегол внатре. Откако ги пребарал собите, од спалната одземал 100.000 денари. Потоа, арамијата пронашол и метален сеф, кој со погоден алат успеал да го отвори и зел поголема сума на девизни средства, евра, долари и франци, чија вредност дополнително ќе се утврдува.

Полицијата трага по сторителот кој со богатиот плен избегал во непознат правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.