Ограбен домот на познатиот член на Битлси

Лондонската резиденција на сер Пол Мекартни била мета на грабеж, само неколку дена пред долго очекуваниот на ѕвездата во Ливерпул, соопшти „Контакт Мјузик“.

Скотланд јард започнал истрага, откако веќе станало јасно дека палатата, вредна 10 милиони фунти, во северозападен Лондон, била ограбена на седми декември. Не е познато дали 76-годишниот член на Битлси и неговата сопруга Ненси Шевел биле дома за време на грабежот. Мекартни имал концерт претходната вечер во Виена.

Сепак, тој не го откажа концертот пред домашната публика, во Ливерпул на 12 декември, каде ќе го промовира својот најнов албум „Станица Египет“.