Ограбен сеф во пошта во Бутел

Непознат сторител во петокот претпладне извршил тешка кражба во пошта во трговски центар на улицата „Натанаил Кучевишки“ во Бутел, соопшти денеска полицијата.

На 24.01.2020 во 10:15 часот било пријавено дека на улицата „Натанаил Кучевишки“ во трговски центар, во објект на пошта, непознат сторител извршил тешка кражба и од метален сеф одзел пари.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.