Ограбен скопски таксист

Непознат сторител вооружен со пиштол извршил разбојништво врз таксистот Б.Ц. (57) од Скопје.

Како што соопштува МВР, настанот се случил вчера околу 14.50 часот пријавено е дека во Скопје на ул.„Александар Урдаревски“.

Вооружениот човек на таксистот му одзел сума на пари од околу 1.200 денари по што го напуштил лице местото.

Полицијата трага по сторителот.