Ноќеска околу 03.25 часот на стариот пат Скопје – Куманово, на бензинската пумпа „Твинс Петрол“ лоцирана на влезот во Куманово, две засега непознати лица маскирани со чорапи на главите, од кои едно вооружено со пиштол, со закана, од тројца вработени, одзеле околу 150.000 – 200.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.