Ограбена бензинска пумпа

Двајца разбојници со пиштол ограбиле бензинска пумпа во скопско Визбегово, информираше МВР.

Разбојништвото се слулило околу 3 часот кога арамиите влегле во бензинската пумпа. Разбојниците со пиштол му се заканиле на вработениот од кого зеле околу 30.000 до 40.000 денари од дневниот промет.

Потоа побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.