Ограбена бензинска пумпа

Тројца разбојници ограбиле бензинска пумпа, утрово во атар на село Романовце, информираше МВР.

Разбојништвото се случило, околу 3.35 часот на автопатот Куманово- Скопје. Арамиитее влегле во бензинската и со пиштол им се заканиле на двацата вработени. Разбојниците да бидат поубедливи во заканите ги удриле вработените неколку пати, по што зеле околу 15.000 денари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.